РУСКАТА ТРГОВИЈА СВРТЕНА КОН ПАЗАРИТЕ ВО РАЗВОЈ
Русија врши околу 87 проценти од својата трговија со земји кои не припаѓаат на таканаречениот глобален Запада. – истакнува заменик-премиерот на Русија, Алексеј Оверчук.
Тој истакнува дека економијата се движи кон исток, кон глобалниот југ, во насока на пазарите во развој, јави ТАСС.
-Нашата економија буквално целосно се промени во последните пет или шест години, – рече Оверчук.
Тој додава дека бројката од 87 проценти од трговијата со незападните земји пред само пет или шест години изнесувала околу 40 проценти од вкупниот надворешно-трговски биланс.
-Ова докажува дека нашиот бизнис се адаптирал и преориентирал, вклучувајќи го и нашиот транспортен систем, логистиката и финансиите, бидејќи имаме партнери кои исто така сакаат да соработуваат со нас,- додава вицепремиерот.


