НАЈВИСОКИТЕ РУСКИ ДЕЛОВНИ АСОЦИЈАЦИИ СО ЧЕСТИТКИ ЗА ДВЕ ДЕЦЕНИСКИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МАКЕДОНСКО-РУСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА
Највисоките деловни асоцијации во Руската Федерација со исклучително срдечни пораки и го честитаа значајниот јубилеј – дваесет годишнината на Македонско-руската стопанска комора.
-Во овие 20 години Македонско- руската стопанска комора стана уникатна структура која даде исклучителен придонес за развој на македонско – рускиот бизнис. Високо ја цениме работата на Комората која и во услови на сложени геополитички услови остана доследна на основната цел – развој на економските врски меѓу двете земји, – се вели во писмото на Трговско – индустриската комора на Руската Федерација до Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора.
Во честитката испратена од оваа најбројна и најголема руска бизнис асоцијација и до м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора посебно се нагласува дека „во голем степен благодарејќи на Вашиот личен ангажман како посветен раководител, ја направивте Македонско руска стопанска комора уникатна структура која успеа да ги развие и одржи економските врски и во овие сложени геополитички услови во многу сфери на економијата“.
-И денес цениме што во овие неедноставни времиња за соработка високо го држите знамето на Македонско-руската стопанска комора и успевате да го изнесете товарот да се одржат економските врски со цел во иднина тоа да биде точка кон подобра соработка, – се додава во честитката до извршниот директор на македонската деловна асоцијација.
Користејќи ја неодамнешната посета на м-р Дејан Бешлиев на Руската Федерација од страна на Владимир Платонов, претседател на Московската стопанска комора лично му беше честитан јубилејот и му беше врачен подарок – плакета по повод дваесет годишнината од потпишување на првиот договор за соработка меѓу оваа руска и македонската комора.
При оваа посета во Москва извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора втора година по ред учествуваше на економскиот форум “Русија-Балканот во архитектурата на мултиполарниот свет. Перспективи за економска интеграција”. На овој деловен настан организиран од Балканскиот бизнис клуб во Москва, м-р Дејан Бешлиев имаше и свое излагање за македонско-руските економски релации. Покрај искрените честитки Балканскиот бизнис клуб од Москва во писмото што го испрати до Македонско-руската стопанска комора за незиниот јубилеј посебно порачува:
– Ајде да одиме напред, заедно, и дефинитивно ќе постигнеме успех!


