СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГИ ПРИМИ АКРЕДИТИВНИТЕ ПИСМА НА НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими (3.04.2026) акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.
Гордана Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.
За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија.
Тој изрази подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот.
-Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба, – рече претседателката.


